Концертна промоција на новиот „Стенвеј“ со маестралниот Евгениј Судбин

63

Македонската филхармонија во четврток во 20 часот ќе го одржи симфонискиот концерт „Север и југ“, на кој како солист ќе се претстави маестралниот руско/германски пијанист Евгениј Судбин.

Според „Телеграф“, Евгениј Судбин е „потенцијално еден од најголемите пијанисти на 21.век“, а според „Индипендент“, тој е „пијанист со невообичаена чувствителност и префинетост“.

Славниот пијанист, за македонската публика ќе го изведе популарниот Концерт за пијано и оркестар во a-moll од Едвард Григ.

Истовремено, на овој концерт ќе биде промовирано новото концертно пијано од марката „Стенвеј“, кое како донација Македонската филхармонија го доби од компанијата „STRABAG AG“. Диригент на концертот е врвниот маестро Даниел Рајскин, а оваа вечер ќе бидат изведени уште три впечатливи дела – увертирата „Маскарада“ од Карл Нилсен, „Процесија до Росио“ од Хоакин Турина и свитата „Шпанска рапсодија“ од Морис Равел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...