Концерти, промоции и претстави во јуни во Кавадарци

223

Во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци ќе се одржат повеќе квалитетни културни и уметнички настани во јуни.

На 11 јуни во 18.30 и 20 часот ќе се одржат традиционалните Годишни концерти на најнаградуваното македонско Студио за модерен балет „Венус“ од Кавадарци, во среда, на 12 јуни во13 часот, во Галеријата при Домот, промоција на Романот на годината „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова, во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“. За време на промоцијата ќе биде претставено реизаданието на првиот македонски роман „Село зад седумте јасени/Стебла“ од Славко Јаневски, како и првиот број на списанието „Архив Јаневски“. Истиот ден во 20 часот ќе се оддржи Гала оперски концерт со првенците и оркестарот на Националната опера и балет.

Во четврток во 21 часот, ќе се оддржи Балетската претстава „Ла, Ла, Ла…!“ во изведба на балетски солисти и оркестарот при Националната опера и балет.

Во понеделник, на 17 јуни, во 20 часот е реприза на хит претставата на Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ – „Од кол на кол“. На 18 јуни, со почеток од 20 часот, ќе биде отворена голема Меморијална ретроспективна изложба на прерано заминатиот ликовен уметник Димитар Младеновски од Скопје.

На 21 јуни од 20 часот е целовечерниот концерт на младиот и талентиран пијанист Ристе Спанџов. Во петок на 28 јуни, од 20 часот, заеднички концерт на Билјана Камчева, флејта и Дамир Имери, пијано.

Месецот ќе заврши со нова премиера на Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ – „Просидба/Мечка“ од Антон Чехов, во режија, како гостин, на Ненад Витанов.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...