Во заедничка соработка, научниците од двете институции пронашле начин да се намалат многу хормони кои го контролираат бројот на сперматозоидите, додека, во исто време, ги зачувуваат сексуалните нагони на мажите.
Овој револуционерен нов лек, познат како 11-бета-МНТДЦ, содржи модифицирана синтетичка форма на тестостерон, која ги исцрпува хормоните во тестисите, додека во исто време ги одржува хормоните во други области на нормални нивоа.
Додека и Институтот за биомедицински истражувања во Лос Анџелес и Универзитетот во Вашингтон не се сосема сигурни дали или не оралните контрацептиви ќе бидат ефективни, тие се сигурни дека се безбедни. Тоа е чекор во вистинската насока и, секако, оној што неноси еден чекор поблиску до машките апчиња за контрацепција … но тоа не значи дека е сон што ќе се оствари во скоро време.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.
Фото: Pexels