Континентал оди под хипотека во Комерцијална банка

999

Акционерите на „Интернешнл хотелс“ на денешното Собрание донесоа одлука за задолжување врз основа на договор за рамковен револвинг кредит-лимит врз основа на заложно право во износ од 960.000 евра склучен помеѓу Комерцијална Банка АД Скопје како доверител и „Интернешнл хотелс“, соопшти компанијата.

Одлука за задолжување, заложување на недвижен и подвижен имот и обезбедување со меница бр. 0202-4 од 05.03.2020 година

Во донесената предлог-одлука се дава согласност за засновање на заложно право врз имотот и тоа недвижен имот – Хотел во Скопје на бул. Александар Македонски, на зграда 1 со вкупна површина од 17.135 м2 и земјиште под и околу објектот со површина од 12.296 м2.

Исто така, под залог се дава и подвижен имот – Опрема и инвентар во хотелот „Континентал“.

Според договорот за рамковниот револвинг кредит-лимит врз основа на заложно право и заложувањето на имотот со вкупна проценета вредност од 3.799.230 евра е зделка над 50 % односно истата изнесува 74,7% од книговодствената вредност на имотот по последната ревидирана завршна сметка и според ЗТД и одредбите од Статутот оваа зделка претставува голема зделка со надлежно ниво на одлучување.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...