Контакти со финансиските институции на штандови пред Министерство за финансии

„Граѓаните ќе можат да ги посетат штандовите од 10 часот до 14 часот во текот на утрешниот ден.

247

На специјални штандови поставени на платото на Министерството за финансии (МФ) граѓаните утре од права рака ќе можат да добијат корисни информации и знаење за финансиите и да се информираат за финансиските услуги и инструменти.

На штандовите, поставени по повод одбележувањето на Деновите на финансиска писменост, информираат од Министерството за финансии, ќе се претстават банките, осигурителните компании, штедилниците, како и институциите од Телото за финансиска едукација – Министерството за финансии, Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување и МАПАС.

„Граѓаните ќе можат да ги посетат штандовите од 10 часот до 14 часот во текот на утрешниот ден. Во рамки на предвидените содржини е и интерактивен детски корнер во кој е предвидени забавна и едукативна програма за деца до 10 години“, соопшти Министерството за финансии.

На настанот, како што е соопштено, ќе присуствуваат и првите луѓе на институциите од Телото за финансиска писменост – министерот за финансии Драган Тевдовски, гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, престедателката на КХВ Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенција за супервизија на осигурувањето Климе Поповски и претседателот на Советот на експерти на МАПАС Максуд Али.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...