Рускиот претседател Владимир Путин разговарал денеска телефонски со германската канцеларка Ангела Меркел за конфликтите во Сирија и Украина, како и за светската економска состојба.
– Рускиот претседател ја информираше канцеларката на Германија Меркел за договорот постигнат меѓу Русија и Турција за стабилизациски активности во зоната на деескалација во сириската област Идлиб, соопшти Кабинетот на рускиот претседател.
Русија и Турција се договорија да распоредат мировни сили во оваа бунтовничка област, со што се очекува и дека ќе се откаже планираната офанзива на сириската армија.
Во соопштението се посочува дека во текот на разговорите, станало збори за потребата украинските власти да обезбедат посебен статус за области Луханск и Донецк, кои се под контрола на проруските сепаратисти.