Конкурс за ученици по повод Светскиот ден на штедењето и Денот на осигурувањето

122

По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Денот на осигурувањето – 1 ноември, Народната банка, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување објавија конкурс за ученици од основно и средно образование, со цел да ja поттикнат креативноста, имагинацијата, како и критичкото размислување на учениците при создавањето творби за штедењето и осигурувањето.

„Во конкурсот се одредени две теми на кои учениците од основите училишта можат да се јават со испраќање литературна творба – песна и/или ликовна творба – цртеж, вклучително и цртеж изработен на дигитален уред: „Штедам, сонувам и желбите ги остварувам“ и „Осигурувањето и јас“. По завршување на конкурсот ќе бидат избрани по три најдобри литературни и ликовни творби на двете теми. На учениците автори на избраните творби ќе им бидат доделени парични награди“, соопштија од Народна банка. 

Од таму посочија дека годинава, на конкурсот, учениците од средните училишта можат да испратат литературна творба – есеј, и тоа на тема: „Парите и штедењето – некогаш и сега“. Според насоките дадени во конкурсот, есејот треба да содржи личен поглед кон улогата на парите и штедењето низ времето, со осврт на некои од следниве прашања: улогата на парите и штедењето во економијата, значењето на штедењето за иднината, ставот на младите кон штедењето, семејните навики и штедењето, класичните наспроти современите форми на штедење, класичните наспроти новите начини на плаќање, познавањата на младите за штедењето во финансиските институции, ставот на младите во однос на потребите за финансиска едукација и други аспекти, како и да конкурираат со литературна творба – расказ на тема: „Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е мојата финансиска безбедност и заштита“. На учениците автори на трите најдобри есеи и раскази ќе им бидат доделени парични награди.

„Условите за учество се наведени во конкурсот којшто е објавен на интернет-страниците на Народната банка, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување. Крајниот рок за доставување на творби е 21 октомври 2019 година“, информираа од Народна банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...