Конкурс за државната награда „Јасмин“ за новинарство и публицистика

93

Распишан е конкурсот за државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварувања во областа на новинарството и публицистиката. Конкурсот е отворен вчера и ќе трае до 31 октомври.

Наградата им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Се состои од диплома и паричен износ, а во една година може да се доделат најмногу две награди.

Адресата на која треба да се достават иницијативите е: Министерство за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин”, ул. „Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје.

Повеќе информации за условите за учество на конкурсот се објавени на веб-страницата на Министерството за култура. 

На годинашните добитници наградата ќе им биде врачена во Собранието ан Република Македонија на 21 декемеври –  денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.

Оваа државна награда првпат е доделена во 1969 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...