Конгресот на САД почнува со клучна фаза на почнување постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп поради наводните обиди за вклучување во Украина и во нејзиниот изборен процес.
Истрагата за отповикувањето на Доналд Трамп собра многу докази за „несоодветно однесување“ на американскиот претседател на САД, се вели во официјалниот извештај на парламентарната комисија што ја надгледуваше истрагата.
„Истрагата за отповикување покажа дека Трамп, лично или преку агенти, внатре и надвор од владата, се мешал во работите на странска земја Украина, во корист на неговата кампања“ за претседателските избори тој очекува повторно да победи, се вели во извештајот на Одборот за разузнавање на Претставничкиот дом.
„Претседателот го условуваше повикот за Белата куќа, како и воената помош за Украина, ако, пак, за возврат му се најави истрага за него поволна за (предизборната) кампања“, и го попречи самиот тек на истрагата“, се вели во извештајот.
Пред Одборот за правда на Претставничкиот дом, што го предводат демократите, почнуваат првите расправи за обвиненијата против републиканскиот претседател.
Одборот е задолжен да донесе одлука дали во долниот дом на Конгресот да предложи отповикување на претседателот Трамп.
Членовите на Одборот, предводени од демократот Џералд Надлер, ќе слушнат сведочење од четворица еминентни професори по право за прекршувања што може да доведат до отповикување (импичмент) на претседателот.
Според Уставот на САД, дејствијата што може да доведат до отповикување се „големи злосторства и прекршоци“ извршени од претседателот и други владини претставници.
Фото: EPA / JIM LO SCALZO