Компанијата „Спејс Икс“ лансира сателит за опсервации (ВИДЕО)

Сателитот Саоком-1А, 12 минути по полетувањето беше во орбита.

50

Американската компанија „Спејс Икс“ (SpaceX) лансира сателит за опсервации Саоком-1А.

Во соопштението од компанијата се наведува дека сателитот на Аргентинската вселенска агенција е успешно лансиран од базата Ванденберг, Калифорнија и тоа со ракета Фалкон 9.

Сателитот Саоком-1А, 12 минути по полетувањето беше во орбита.

Сателитот има радар кој ќе биде употребен за собирање на информации со цел адекватно да се одговори на итните ситуации при елементарни непогоди.

Американската вселенска агенција НАСА неодамна објави дека првиот лет на ракета „Спејс Икс“ со човечки екипаж до Меѓународната вселенска станица ќе биде изведен во јуни 2019 година.

ФОТО: твитер Елон Маск

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...