Компанијата „Лаки Лазо“ ќе произведува ПВЦ столарија во зоната Марино-Кадино

Станува збор за инвестиција од околу 400 илјади евра која што ќе овозможи отворање на 15 нови слободни работни места.

400

Компанијата „Лаки Лазо“ во индустриската зона  Марино-Кадино почна со изградба на погон за ПВЦ столарија и канцелариски простор на површина од 1.000 квадратни метри.

Станува збор за инвестиција од околу 400 илјади евра која што ќе овозможи отворање на 15 нови слободни работни места.

Економска зона Марино-Кадино е на површина од 115 хектари со 50 градежни парцели на познати инвеститори, на која досега се изградени 20 стопански објекти, 15 интензивно се градат и се во завршна фаза, а за 15 градежни парцели во тек е подготовка на техничката документација за изградба на стопански објекти.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...