Комитет на Сенатот на САД заклучи дека Русија се мешала во изборите во 2016 година

Во анализа изработена од страна на Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат се наведува дека Русија и рускиот претседател Владимир Путин лично работеле да влијаат на претседателските избори во 2016 година.

90

Во анализа изработена од страна на Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат се наведува дека Русија и рускиот претседател Владимир Путин лично работеле да влијаат на претседателските избори во 2016 година.

Анализата е објавена десетина дена пред закажаната средба меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и Путин во Хелсинки. Според анализата, која е заснована на извештаите на американските разузнавачки агенции, биле забележани руски активности кои довеле до „ескалирање на низата руски обиди за мешање во внатрешните политички прашања на САД“.

– Руските напори беа широко распространети и софистицирани, а нивната цел беше да се поткопа довербата во демократскиот процес, да и се наштети на кандидатката Клинтон, и да му се помогне на Доналд Трамп во изборите, изјави демократскиот сенатор Марк Ворнер, потпретседател на Комитетот за разузнавање, според кого, руските активности подразбирале кибернетски операции и вршење пропаганда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...