Комерцијална банка ќе ја претстави мБанкаКо, нова мобилна апликација за правни лица

„Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“, наменет за правни лица, ќе се одржи денеска во 12 часот во киното Cineplexx во трговскиот центар Skopje City Mall во Скопје.

1113

Во организација на Комерцијална банка ќе се одржи „Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“, наменет за правни лица. За прв пат ќе ја претстави мобилната апликација за правни лица, мБанкаКо, бесплатна апликација за мобилни телефони и за таблети која овозможува сигурен, брз и едноставен 24-часовен пристап до дел од најкористените услуги на Интернет банка за правни лица.

Покрај оваа новина ќе бидат претставени и новите можности кои ги нуди услугата Интернет банка за правни лица, како и мобилната апликација KomPay.

Мобилната апликација мБанкаКо користи најсовремени решенија кои истовремено нудат и најудобно и наједноставно користење на банкарските услуги преку user-friendly кориснички интерфејс и највисоко ниво на сигурност за клиентит со вградени контроли кои овозможуваат проверка на внесените податоци. Заради поголема сигурност на корисниците, апликацијата има вградени максимални лимити за дневен и месечен промет дефинирани од Банката.

Во мобилната апликација мБанкаКо во целост се пренесени авторизациите од постојната Интернет банка за правни лица (прегледувач, внесувач, потписник, испраќач) и е овозможена комбинација на улогите. мБанкаКо овозможува увид во состојбата, промените и во изводот на сметките (денарска и девизна трансакциска сметка), пренос на средства од денарската трансакциска сметка кон други сметки во платниот промет во земјата, продажба на девизи од девизна трансакциска сметка, пристап до информации за деловните картички и можност за администрирање на дневни и периодични лимити на деловните картички и прием на нотификации за прилив/одлив од денарската трансакциска сметка, деловните картички и од девизните сметки, со можност за поставување минимални износи за добивање нотификации.

Рубриката за мобилната апликација мБанкаКо ќе биде објавена на веб страницата на Банката, каде ќе можете подетално да се запознаете со можностите што таа ги нуди.

„Ден за Вас – На пат кон дигитална трансформација“, наменет за правни лица, ќе се одржи денеска во 12 часот во киното Cineplexx во трговскиот центар Skopje City Mall во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...