Комерцијална банка има намера да купи акции од Еуростандард банка

Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за преземање и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина, информираа од Банката.

138

Комерцијална банка АД Скопје преку Македонска берза информира дека ја разгледува можноста за стекнување акции издадени од Еуростандард банка АД Скопје, поради што е остварен контакт со раководството на банката за првична размена на информации.

„Во оваа рана фаза постапката не претставува намера за преземање и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна постапка да се стекнат информации, врз основа на кои би се дефинирала евентуална намера за преземање во иднина“, информираа од Банката.

Поради тоа, ова Известување не треба да се толкува како официјална намера за преземање на акциите издадени од Еуростандард банка АД Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...