„Комерсант“: Вистински „ловци на глави” ќе се појават во Русија

Според весникот, предложени се награди од 50 до 10 милиони рубљи во иднина.

208

Руското Министерство за правда му дозволи на Министерството за внатрешни работи да плаќа на информатори – „Милиони можат да се заработат од откривање криминал”, пишува Комерсант.

Според полициски претставници цитирани во извештајот, вистински „ловци на глави” ќе се појават во Русија, бркајќи ги престапниците. Такви ќе бидат, на пример, приватните детективи. Според поранешни полициски службеници плаќањата може да предизвикаат злоупотреба од самите службеници задолжени за спроведување на законот.

Досега, руската полиција ги стимулирала своите волонтери само во исклучителни случаи – плаќајќи од сопствени средства за награди за апсење особено опасни криминалци.

Меѓутоа, повеќето од нејзините информатори и помошници добиваа посебни награди дипломи, вредни подароци и сертификати за надворешни соработници, пишува весникот.

Според весникот, предложени се награди од 50 до 10 милиони рубљи во иднина.

Тешко е да се избегнат така злоупотреби, вели Михаил Пашкин од раководството на Московските полициски синдикат.

Еден полицаец, на пример, може да бара криминалец за чие досие се најави награда и да им укаже за податоци на пријател со кого ќе ги поделат парите, објаснува Пашкин.

ФОТО: EPA/SERGEI CHIRIKOV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...