Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на современата комедија „Тик-так“ во режија на Синиша Евтимов, која премиерно ќе биде изведена на 16 мај на малата сцена на МНТ.
Претставата се поставува по мотиви на филмот „TOC TOC (Trastorno Obsesivo Compulsivo т.е. на шпански: Опсесивно-компулсивно нарушување)“ на францускиот писател Лорен Бафи и шпанскиот режисер Висенте Виљануева. Режисерот Евтимов ја направи и адаптацијата на текстот, кој на македонски го преведе Благоја Бошковски.
Во „Тик-так“ играат актерите: Јордан Симонов, Александар Микиќ, Николина Кујача, Оливер Митковски, Сашка Димитровска, Тања Кочовска и Александар Михајловски. Сценограф е Илина Ангеловска, костимограф Александар Ношпал.
– Поради експлицитните реплики кои се употребени во текстот, претставата е наменета за возрасна категорија над 18 години, соопшти МНТ.