Најмалку три лица загинаа, а околу 30 се повреди во германскиот град Минстер кога комбе удри во маса луѓе кои се наоѓале пред позна пивница.
Возачот на комбето кое влета во маса луѓе во германскиот град Минстер се самоубил, соопшти полицијата.
– Возачот се застрелал самиот – изјави портпаролка на полицијата.
Жителите на Минстер се замолени да го избегнуват подрачјето на инцидентот.
Бебзедносни извори наведуваат дека околностите под кои се случил инцидентот се такви да не може да исклучат можност дека се работи за напад.