Командантот на КФОР, генерал-мајор Лоренцо Д’Адарио изјави деканишто не укажува на тоа дека може да има инциденти во Косово, но дека го „загрижуваат изјавите што доаѓаат од двете страни”.
– Реториката може да создаде заострена атмосфера, при што најмалиот инцидент може да се претвори во поголем. Ги повикувам сите страни да избегнуваат остра реторика – рече Д’Адарио во интервју за српскиот весник „Политика“.
Тој рече дека задачата на КФОР е да обезбеди безбедна средина за сите.
– За нас е важно цело Косово. И север и југ. И вие сте Европејци како нас.Кога овде ќе се постигне договор, тоа ќе донесе подобрување за сите. И за Косово и за Европа. Ова е нашето соседство – појасни генерал-мајор Лоренцо Д’Адарио.