Колосален сценски спектакл на Си стар фестивалот во Умаг !

На вториот по ред Си стар фестивал пристигнаа луѓе од повеќе од 40 земји на светот, како од регионот, така и од подалечните дестинации како што се Аргентина, Колумбија, Чиле, но и Русија, Финска и Кина.

128

На вториот по ред Си стар фестивал, кој во организација на Егзит тимот се одржа од 24 до 27 мај во прекрасната лагуна Стела Марис во Умаг, низ фестивалската капија поминаа над десетина илјади музички патници за време на четирите дена, неуморно забавувајќи се во 16-те фестивалски зони, од кои дури седум бини исполнети со музичка програма и со фановите желни за првиот голем летен фестивал на отворено.

Епицентрите на случувањата очекувано беа спектакуларната и двојно поголемата од минатата година главна бина Адико Тесла стејџ, како и најжешкиот амфитеатар на овој викенд – Наутилус арена. Истра за време на овој викенд, покрај топлото сончево време и високите температури, ја запалија и водечките светски имиња како што се Димитри Вегас и Лајк Мајк, Робин Шулц, Пол ван Дајк, Филатов и Карас како и одличната екипа од регионот Трам 11, Едо Маајка и бенд, Крешо Бенгалка „Дјечаци“ и многу други.

Си стар ја оправда титулата за најдобар нов фестивал во Хрватска и на најдобар можен начин го започна долгото фестивалско лето во регионот чија највисока точка е секако неговиот матичен Eгзит фестивал од 12 до 15 јули, кој оваа година повторно гордо ја носи титулата официјално најдобар голем фестивал во Европа.

Посетителите во Умаг пристигнаа од повеќе од 40 земји на светот, како и од целиот регион и речиси сите земји во ЕУ, така и од подалечните дестинации како што се Аргентина, Колумбија, Чиле, но и Русија, Финска и Кина!

Повеќе од 70 изведувачи

Повеќе од 70 изведувачи ја заокружија спектакуларната програма на овогодишниот фестивал, а ни најголемите хедлајнери не останаа рамнодушни пред магичното крајбрежје на Истра, па голем дел од нив меѓу кои и момците од Хртс и Филатов и Карас ги споделија впечатоците на своите инстаграм профили поздравувајќи ги фановите ширум светот од прекрасниот Умаг.

Следна станица

Следната станица на Егзит фридом карванот е од 1 јуни во бајковитото гратче Темишвар, кога почнува Револушн фестивалот, а потоа продолжува на Петроварадинската тврдина за осумнаесеттото издание на Егзит фестивал од 12 до 15 јули.
Фестивалското лето се завршува во тиркизното крајбрежје во Буљарица, за петтото издание на Си денс фестивал во новиот термин од 30 август до 1 септември.

ФОТО; Истратурист

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...