Здравјето навистина доаѓа во боите. Тие природни пигменти го штитат нашиот организам и повеќе отколку што сме свесни. Имено, исхраната врз база на растителни наирници ни дава најмногу хранливи материи кои ни се потребни.
Виолетово за мозокот и против рак
Боровница, капини, црни рибизли, аронија, сливи, виолетов кромид, виолетова зелка, темно грозје, виолетов компир, сето овошје и зеленчук со виолетов пигмент содржи флавоноиди – антоцијани кои се клучни во одбраната на организмот од рак, го запираат растот и развојот на малигните клетки, го забавуваат стареењето на клетките па се исклучително добри за мозокот и во борба против когнитивното пропаѓање и деменцијата, но и го контролираат крвниот притисок, го јакнат имунитетот и ги штитат мокрачните органи.
Темносиното овошје како грозјето содржи високо ниво на ресвератрол, за кој се верува дека го намалува ризикот од болести на срцето и рак, а има и други важни витамини и минерали кои исто така го подобруваат помнењето.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey