Колку пати дневно ја празните бешиката? Ако е помалку од оваа бројка, обрнете внимание

Колку често треба да ја празните бешиката зависи од многу фактори, а најважно е колку течности пиете.

1422

Многу луѓе денес заради забрзаниот начин на живот или работата немаат лесен пристап до тоалет, ја задржуваат урината и го одложуваат одењето во тоалет.

– Задржувањето на урината во бешиката, всушност, ги оптоварува нејзините ѕидови и нејзиниот мускул кој со текот на времето ќе ослабне, а сето тоа ќе резултира со неможност на целосно нејзино празнење – изјавил урологот и хирург Суданш Читал.

Предолгото задржување на урината може да предизвика низа проблеми, вклучувајќи и инфекција на уринарниот тракт и болести на бубрегот. Бактериите кои се развиваат во урината која предолго останува во бешиката предизвикуваат разни воспаленија и симптоми како што се болно испуштање на урината, температура, грозница и болки во желудникот.

Колку често треба да ја празните бешиката зависи од многу фактори, а најважно е колку течности пиете.

Луѓето кои пијат по 3 литри течност во текот на денот просечно треба 11 пати дневно да одат во тоалет.

Сепак луѓето кои пијат помалку течности во тоалет одат од 6-9 пати дневно.

Општоприфаен просек за сите луѓе е бешиката да се празни од 5-10 пати дневно.

Друг фактор кој влијае на зачестено празнење на бешиката е колку се потите, дали пушите цигари и колку сол консумирате.

Доколку наутро испиете кафе тогаш почесто ќе одите во тоалет затоа што кафето е диуретик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...