
Играчите на хрватската репрезентација во тенис го прославија освојувањето на Дејвис Купот заедно со претседателката на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ.
Претседателката Колинда наздрави со шампањско и ја прослави победата со тенисерите во соблекувалната.
Таа сето време им аплаудираше и се забавуваше, среќна и насмеана.
-Ова е вистинската Колинда, коментираа фановите.