Колинда: Сакам новинарите да работат слободно, очекувам да дејствуваат одговорно

42
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ се огласи на Твитер за слободата на медиумите и истакна дека очекува тие да работат одговорно и за доброто на општеството.

– Од почетокот на мандатот заговарав слобода на медиумите… Сакам новинарите да работат слободно, без притисоци кои не доликуваат на демократско општество. Исто така очекувам да дејствуваат одговорно, за доброто на општеството и во согласност со кодексот на својата професија – напиша таа.

Локалните медиуми коментираат дека ова е прв коментар на хрватската претседателка на тема медиуми, по минатонеделниот протест на новинарите против цензура, неслобода, политички и правосудни притисоци.

ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...