Колинда во кожа и мини фустан на прославата во Американската амбасада во Хрватска ФОТО

Во прашање била тематска забава, а во фокусот биле 50-тите години од минатиот век, па Колинда решила да одговори на оваа задача и се чини дека тоа ѝ пошло од рака.

7385
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Претседателката на Хрватска е позната по својот специфичен стил на облекување, а секоја нејзина комбинација е внимателно избрана и често е во согласност со водечките трендови, а сепак, прилагодена на позицијата што ја има.

Така Колинда Грабар-Китаровиќ синоќа присуствувала на забавата во американската амбасада во Загреб, каде што се случувала прослава по повод Денот на независноста на Америка, а нејзиното издание за оваа пригода никој не го оставил рамнодушен.


Хрватската претседателка се појавила во фустан без ракави, што навистина е ретро издание, но овој стајлинг е сè уште многу присутен, а тоа го искомбинирала со кожена јакна, црвени чевли и жолта чанта.

FOTO: TVITER/PRINTSKRIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...