Претседателката на Хрватска е позната по својот специфичен стил на облекување, а секоја нејзина комбинација е внимателно избрана и често е во согласност со водечките трендови, а сепак, прилагодена на позицијата што ја има.
Така Колинда Грабар-Китаровиќ синоќа присуствувала на забавата во американската амбасада во Загреб, каде што се случувала прослава по повод Денот на независноста на Америка, а нејзиното издание за оваа пригода никој не го оставил рамнодушен.
Хрватската претседателка се појавила во фустан без ракави, што навистина е ретро издание, но овој стајлинг е сè уште многу присутен, а тоа го искомбинирала со кожена јакна, црвени чевли и жолта чанта.
FOTO: TVITER/PRINTSKRIN