ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесува кривична пријава против градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалник на Скопје и две непознати правни лица.
Како што соопшти Светнала Колариќ, пријавата е за неколку кривични дела: злоупотреба на службена должност и овластување, несовесно работење, бесправно градење и поткуп при избори и гласање.
– Имено, на 24 април преку медиумите Шилегов најави започнување на градба на булеварот АСНОМ и изградба на мост од Аеродром кон Ќерамидница. Шилегов за истото се пофали и преку социјалните медиуми, проследено со фотографии од градежните работи. Од допрен глас имаме сознанија дека започната изградба проширување на булеварот АСНОМ се прави без одобрение за градба и тоа од непознат изведувач на градба и од непознат надзор на градба, со што постојат сомневања за сторени кривични дела. За проектот изградба, во првата фаза- проширување на булевар АСНОМ, ќе се потрошат над 50 милиони денари, а за истото нема одобрение за градба, што се потврдува и на лице место на градежните работи не е поставена табла на која треба да е напишано и бројот на решението за градба и имињата на изведувачот и на надзорот на градежните работи – изјави Колариќ.
Уште поважно, нагласува таа, е што ова кривично дело се прави во изборна кампања.
– Очекуваме Јавниот обвинител веднаш да постапи согласно временскиот изборен рок и да го приведе Петре Шилегов на службен разговор, веднаш по враќањето од Барселона Шпанија каде што беше забележан на фудбалскиот стадион Ноу Камп – изјави Колариќ.