Колапс во сообраќајниот систем во Русија: Дури пет милиони неплатени казни

110

Полицијата во Москва е во загуба поради над пет милиони неплатени сообраќајни казни, откако поради технолошки проблеми се загубени имињата и адресите на возачите.

До ненадејниот колапс на системот веројатно дошло по неодамнешниот потег на Русија да воведе сообраќајна полиција во сите региони.

Тоа го овозможи новиот закон, со кој властите планирале да го олеснат пријавувањето на прекршоци и да им овозможат на службениците полесно и побрзо да ги наплатуваат казните на прекршителите во сообраќајот.

– Системот работи помалку или повеќе добро, но постојат проблеми во транзицискиот период. Или куќата или станот на прекршителот не се наведени, или презимето не е комплетно – истакна шефот на руската Управа за безбедност во сообраќајот Михаил Черников. Тој не дал конкретен број на лица чии податоци се погрешно воведени или избришани во системот.

Се проценува дека дури 15 отсто од сообраќајните казни во 2016 и 2017 година во Москва ќе останат неплатени поради тој проблем.

Проблемот не е ограничен само на Москва, но тука е најголем, бидејќи во главниот град се случуваат меѓу една четвртина и една третина од сите пријавени сообраќајни прекршоци во земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...