Кока-кола лансира алкохолен пијалок за жени во Јапонија

Согласно традицијата на компанијата, рецептот е строго чувана тајна.

578

Светскиот бренд Кока-кола денеска во Јапонија го лансираше својот прв алкохолен напиток со вкус на лимон, во три верзии, во обид да придобие нови потрошувачи, објави Би-Би-Си.

Новиот производ на Кола-кола, што од компанијата го опишуваат како „единствен во својата 125-годишна историја“, е наменет за младите, посебно за женскиот пол. 3асега, како што е планирано, новиот пијалок ќе се продава само во Јапонија.

Согласно традицијата на компанијата, рецептот е строго чувана тајна, но се знае дека пијалокот е правен врз основа на популарната јапонска напивка Чу-Хи – мешавина од тамошен постар алкохолен производ и неколку овошни вкусови.

Освежувачките пијалоци со низок процент на алкохол станаа популарни во 1990-те, но тие предизвикаа и полемика, оти многумина се загрижени дека така младите можат да посегнат по повеќе алкохол.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...