Кои се симптомите на топлотен удар и кога треба да се обратите кај лекар?

Ако телесната температура не опаѓа и покрај разладувањето и лековите.Тогаш, веројатно, не станува збор само за сончаница, туку лицето е напочетокот на некоја друга болест.

703

Симптомите на топлотен удар не се „универзални“, односно секое лице може
да има поинакви симптоми. Најчести се:

– главоболка
– вртоглавица
– дезиорентација, вознемиреност, конфузија
– тромост или премор
– врела, сува кожа која не се поти
– висока телесна температура
– губиток на свеста
– забрзано работење на срцето
– халуцинации

Кога треба да се обратите кај лекар?

– Ако телесната температура не опаѓа и покрај разладувањето и лековите.
Тогаш, веројатно, не станува збор само за сончаница, туку лицето е на
почетокот на некоја друга болест. Обично станува збор за почеток на цревни
инфекции, или воспаление на дишните органи. Во тој случај брзо се јавуваат и
други симптоми на болеста, па треба да се консултира лекар, кој ќе ја постави
вистинската дијагноза.
– Ако лицето изгуби свест и не поврати брзо по поставувањето во лежечка
положба. Губитокот на свест обично е резултат на минливо опаѓање на
притисокот и недоволен дотек на крвта во мозокот. Ова е наивна варијанта и
речиси моментално поминува кога лицето ќе легне и ќе му се кренат нозете, за
да му се обезбеди доволно крв на мозокот.
Меѓутоа, ако болниот потоа е конфузен, сонлив и слабо комуницира со
околината, треба да се јавите кај лекар.
– Ако болниот упорно повраќа и е се понемоќен и изнемоштен. Тогаш станува
збор за многу тежок облик на сончаница, па е неопходен преглед кај лекар. Тој
ќе утврди дали станува збор само за сончаница, или е во прашање и почеток
на некоја друга болест (на пример, инфекција со летни вируси или бактерии).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...