Вирусите убиле повеќе луѓе од сите војни во историјата. Овие интересни документарни историски снимки и анимации ја откриваат вистината која се крие зад разните вируси кои испровоцирале безброј умирања, а освен тоа ќе видиме како науките и медицината се развиле за да се борат со овие невидливи убијци.
Преку разговорите со стручњаците, секоја епизода се фокусира на еден од главните вируси кои се причина за болести како: морбили, грип и ебола.
Без разлика дали се плашиме од овие вируси поради сезонските пандемии или можноста за нивна употреба во био-тероризмот, секоја од нив претставува значајна и индивидуална закана. Дали може медицината да ги искорени трајно?
Серијалот „Невидливи убијци“ стартува на 13 мај на каналот „Дискавери“ во 20 часот.