Зеленчукот, како што многу месојадци мислат, е блуткав, невкусeн и здодевeн. Проблемот е во тоа што ние некреативно и нестручно го приготвуваме. Ова се најчестите грешки кои ги правиме при приготвувањето на зеленчук.
Лупење – Некој зеленчук мора да се лупи, друг пак, не само што не мора да се лупи, туку и не треба, затоа што на тој начин само ги отстрануваме здравите влакна и антиоксидансите од кората. Освен тоа, естетски е често поубав зеленлукот со кора отколку без неа. Затоа, два пати размислете пред да почнете да ги лупите тиквичките, краставицата и морковите. Секако, кога не го лупите зеленчукот, прво убаво измијте го.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey