Кои се најплатени работни места во САД без факултетска диплома?

Радиолози – просечна годишна заработувачка од 80.570 долари, дентални хигиеничари заработуваат 74.070 долари годишно

5830

За добра работа и висока плата не е доволна само факултетска диплома, некогаш таа и не е потребна.

Агенцијата за вработување во САД објави статистика поврзана со просечната годишна заработувачка во државата.

Резултатите, меѓутоа, покажуваат и кои професии можат да се работат со вишо образование, а некогаш се поисплатливи отколку со завршен факултет.

Очекувано највисоки плати имаат докторите на наука, но и оние кои се вработени во здравствениот сектор, анестезиолози, специјалисти и хирурзи.

Овие седум професии спаѓаат во добро платени занимања, кои во САД можат да се работат без факултетска диплома:

1. Контрола на лет – просечна годишна заработувачка од 124.540 долари

2. Радиолози – просечна годишна заработувачка од 80.570 долари

3. Нуклеарни техничари – просечна годишна заработувачка од 80.370 долари

4. Организатори на погреби – просечна годишна заработувачка од 78.040 долари

5. Технолози по нуклеарна медицина – просечна годишна заработувачка од 75.660 долари

6. Дентални хигиеничари – просечна годишна заработувачка од 74.070 долари

7. Медицински оператори во дијагностика – просечна годишна заработувачка од 71.410 долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...