Кои се можни наследници на Меј?

318
ФОТО: EPA / PETE SUMMERS

Британската премиерка Тереза Меј, денеска најави дека ќе поднесе оставка на 7 јуни и отвори пат за избор на нов лидер на Конзервативната партија и нов премиер.

Меј ќе остане на функцијата за време на внатрепартиските избори на Конзервативната партија, кои траат околу шест недели.

Во трката за раководството ќе има многу кандидати, а поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, е фаворит во обложувачниците, нагласува „Индипендент”.

Неговите најголеми ривали на евроскептичното крило во партијата се поранешниот министер за брегзит, Доминик Раб и министерот за животна средина Мајкл Гов, пишува весникот.

Министерот за меѓународен развој, Рори Стјуарт, министерот за надворешни работи Џереми Хант, министерот за внатрешни работи Саџид Џавид, министерот за здравство Мет Хенкок, министерот за финансии Лиз Трас и поранешниот шеф на Долниот дом на британскиот парламент, Андреа Лидсом, исто така, може да бидат наследници на Меј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...