Кои производи ја намалуваат болката во телото?

Постојат природни производи кои ублажуваат разни болки, а кои можете да ги избегнете или редуцирате.

518
Blond woman with a painful expression sitting on a grey sofa at home with her hands placed on her stomach

Не постои човек кој барем еднаш во животот не почувствувал болка. И наместо да го трпите ова непријатно, а понекогаш и неподносливо чувство, можете сами да си помогнете. Имено, постојат природни производи кои ублажуваат разни болки, а кои можете да ги избегнете или редуцирате.

Ѓумбир
Ѓумбирот не е делотворен само кај желудочните проблеми и настинките, туку помага и кај болки во мускулите и зглобовите бидејќи изобилува со состојки кои дејствуваат противвоспалително. Ѓумбирот е добар и за колената. Овој зачин е познат по својата можност да го блокира простагландинот кој е посредник на болките. Ѓумбирот одамна се користи како природен метод против болки.

Вишњи
Луѓето кои консумираат по две чаши природен сок од вишњи побрзо закрепнуваат по напорен тренинг. И другото темноцрвено и виолетово овошје, како калинка, боровинки и брусница, има слично дејство – може да ги намали болките во мускулите после тренинг. Боровинката го подобрува степенот на закрепнување на мускулите по вежбањето, а силата на контракциите и екстракциите на квадрицепсот, исто така, се подобрува. Антиоксидантите од боровинките ги неутрализираат оксидативните оштетувања кои можат да доведат до деструкција на ткивата.

Цреша
Еден грст од овие плодови или две чаши сок од цреша во денот, ќе ви ги намалат болките во мускулите. Црешата содржи антивоспалителен ензим како ибупрофенот, но без никакви нуспојави и штетно влијание врз желудникот и бубрегот.

Лосос
Лососот е добар сојузник ако ве мачат воспаленија во зглобовите. Имено, омега-3 масните киселини помагаат во намалувањето на болките предизвикани од ревматоиден артритис. Овие киселини исто така ги смируваат желудочните тегоби.

Црно грозје
Црното грозје е добар лек за болки во грбот. Ова овошје изобилува со ресвератрол, силен спој на антиоксиданти кој ги блокира ензимите кои ги оштетуваат ткивата што може да доведе до болки во мускулите и зглобовите.
Според научните студии, ресвератролот помага во заштита против оштетувања на рскавицата која предизвикува болки во грбот.

Ким
Кимот кај жените се препорачува за регулирање на менструалниот циклус, ублажување на менструалните болки, олеснување на породувањето и зголемување на количеството на млекото во текот на доењето.

Црвени пиперки-бабури
Овие пиперки имаат двапати повеќе витамин Ц од портокалот, кој е најодговорен за здравјето на колагенот – сврзувачко ткиво кое помага во флексибилноста на зглобовите. Лицата кои не земаат доволно витамин Ц имаат поголем ризик од настанување на некои видови артритис. Покрај то, содржат бета-криптоксантин, состојка која помага во намалување на болката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...