Кои правила мора да ги почитуваат децата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Иако некои луѓе мислат дека животот на принцовите и принезите е како во бајка, децата на принцот Вилијам (35) и на војвотката Кејт Мидлтон (36) мораат да следат строга низа правила. Принцот Џорџ (4) и принцезата Шарлот (3), како и сите кралски деца, мораат да научат најмалку два странски јазици.

1463

Тие веќе почнале да учат шпански јазик, а принцот, наводно, веќе знае и да брои, пишува Harper’s Bazaar. Им помага дадилката Марија Турион Борало од која веќе научиле доста зборови.

Освен тоа, Шарлот се уште не смее да седи на маса со возрасните во текот на оброкот.

„Прво мора да ги совлада правила на однесување. Дотогаш седи на посебна маса“, вели извор близок на кралското семејство.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...