Кои зборови најчесто ги користат депресивните луѓе?

Експертите издвоиле т.н. апсолутни зборови кои биле застапени 50 отсто повеќе кај луѓето кои страдаат од анксиозност или депресија.

821

Депресијата комплетно го менува однесувањето на личноста, а начинот на зборување и писменото изразување може да откријат некој дека страда од ова нарушување.
Новата студија откри кои зборови може точно да укажат на тоа дали некој страда од депресија.

Се утврдило дека лицата со симптоми на депресија користат претеран број зборови што пренесуваат негативни чувства, особено негативни придавки како „осамен“, „тажен“ или „беден“. Исто така, тие користат значително повеќе лични заменки за прво лице едница како „мене“, „јас“ и „себе“, а многу помалку заменки за второ и трето лица еднина или множина „тој“, „тие“ или „таа“. Овој пример за користење на заменките укажува на тоа дека лицата со депресија повеќе се насочени кон себе, а помалку кон другите.

Заедничка карактеристика на депресијата се инсистирање и преоптовареност со личните проблеми и социјална изолација. Но, не се знае дали депресијата ја предизвикува фокусираноста на личноста само на своите проблеми или, пак, луѓето стануваат депресивни дури кога ќе се сосредоточат само на себе и само на своите проблеми.

Експертите истакнале дека заменките се, всушност, показател на депресија од негативни емоции. Познато е дека затвореноста во сопствените проблеми и социјалната изолација се заеднички одлики на депресијата.

Експертите издвоиле т.н. апсолутни зборови кои биле застапени 50 отсто повеќе кај луѓето кои страдаат од анксиозност или депресија, а дури 80 отсто кај луѓето кои размислуваат за сумоубиство. Тоа се зборовите како „секогаш“, „ништо“, „во целост“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...