Кои автомобили се најмалку штетни за животната средина?

Истражувањето покажало дека со поминати 225 илјади километри, автомобилот на природен гас, вкупно би емитувал 35 тони јаглерод диоксид, дизелашите и електричните автомобили околу 38 тони, додека бензинците емитуваат 40 тони јаглерод дикосид.

270

Автомобилите на природен гас (метан) моментално се најмалку штетни за климата. Ова го покажало истражувањето ко го направил германскиот автоклуб ADAC.
Во истрсажувањето биле вклучени сите емисии, од производството до рециклирањето на возилата, од производството на горивото до производството на електрична енергија.

Истражувањето покажало дека со поминати 225 илјади километри, автомобилот на природен гас, вкупно би емитувал 35 тони јаглерод диоксид, дизелашите и електричните автомобили околу 38 тони, додека бензинците емитуваат 40 тони јаглерод дикосид.

Кога 100 отсто од енергијата која се користи во автомобилите би потекнувала од обновливите извори, тогаш електричните автомобили на истите поминати километри би емитувале само 13 тони јаглерод диоксид. Меѓутоа, поголемиот дел од електричната енергија не доаѓа од обновливи извори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...