Коза изела 20.000 евра во Аранѓеловац

390

Како што пишува српскиот портал „arandjelovacinfo.rs“ во домаќинството на семејството Симиќ, во селото Раниловиќ во општината Аранѓеловац, козата Белка изела 20.000 евра, кои семејството ги спремало за купување на 10 хектари земја.

Семејството Симиќ се одлучило да го прошири својот имот и за тоа подготвило поголема сума од 20.000 евра, за да може да купи 10 хектари земја. Но тоа утро се тргнало на лошо.

– Станавме утрината, ги избројавме парите, бидејќи требаше да дојде човекот од кој ја купуваме земјата за да потпишеме договор и потоа да го исплатиме, парите стоеја на масата во дневната соба, а ние отидовме да појадуваме.  Таткото на мојот маж, како и секое утро излезе да ја нахрани стоката, но не забележал дека не ја затворил влезната врата и тука настана нашата несреќа. Козата Белка која ја имаме веќе неколку години влегла низ отворената врата во дневната соба и почнала да ги јаде парите од масата – изјавила низ солзи расплаканата Милена.

Таа додала дека кога слушнале шушкање и бука нејзиниот маж станал од масата и само што не доживеал шлог.

Белка ги изела сите пари, останале само околу 300 евра, а останатото било изедено.

– Маж ми од тој ден ништо не збори, само седи, молчи и гледа во една точка. Белка нас не зави во црно – изјавила за „arandjelovacinfo” Милена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...