Кога ќе се претера со црниот хумор: Филмот на Ларс вон Триер доживеа дебакл во Кан

Главниот уредник на списанието „Варајети“, Рамин Сетод на Твитер објави слика од над 100 луѓе кои ја напуштиле салата бидејќи не можеле да ги гледаат сцените со сакатење жени и деца.

581

Проекцијата на новиот филм на данскиот режисер Ларс фон Триер, „Куќата што ја изгради Џек“, на годинешниот Филмски фестивал во Кан ја обележи предвременото излегување од салата на повеќе од 100 посетители.

Трилер-хоророт со Мет Дилон и Ума Турман, зачинет со црниот хумор на Вон Триер, го следи убиствениот поход на сериски убиец низ неколку децении.

Според многумина, филмот е преполн со садистичко насилство и бруталност, а директорот на фестивалот Тиери Фрему изјави дека „темата е толку контроверзна, што може да се прикажува единствено надвор од натпреварувачката програма“.

Главниот уредник на списанието „Варајети“, Рамин Сетод на Твитер објави слика од над 100 луѓе кои ја напуштиле салата бидејќи не можеле да ги гледаат сцените со сакатење жени и деца.

– Ова е најлошиот филм што сум го гледал в кино, напиша Сетод под фотографијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...