Кога родителите мораат да се плашат од сопственото дете…

Кога се зборува за насилство во семејството обично се мисли на агресивни родители и на детето како жртва. Но има застрашувачки број на обратни ситуации: кога децата ги малтретираат своите родители кои пак за ова обично молчат – од срам.

806

Во текст за Deutsche Welle Амели Рихтер пишува за неколку случаи на семејно насилство во кои децата се насилници, нивните родители – жртви.

Мартина повеќе не сака да го види тој СМС, но едноставно не може да го избрише затоа што, конечно, ѝ го испратил нејзиниот син. Иако е преполн со пцовки и закани.

„Кога го читам, истовремено ме облеваат и студенило и топлина“, вели 50.годишната жена од западна Германија. Ниту таа, ниту кој било друг во овие семејни драми не сака да ѝ се објави вистинското име: премногу се срамат.

Сцена што не се заборава

Нејзиниот син сега живее во поправен дом откако ја нападнал сопствената мајка со палка за безбол. Но ниту од домот не ја остава на мир.

Медиумите се полни со написи за родителите кои ги злоуотребуваат своите деца. Но едвај да има написи за деца кои психички и физички ги злоупотребуваат родителите и тоа далеку пред да станат полнолетни. Стручњаците проценуваат дека во околу 10 до 16 проценти од семејствата децата ги малтретираат своите родители. Понекогаш, само одвреме навреме, понекогаш редовно.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...