Кога малите деца ја преземаат родителската улога…

Парентификација на децата е термин кој подразбира дека детето се ставило во улога на родител, а ова најчесто се случува во семејства во кои едниот или двајцата родители се незрели и недостапни па најчесто најстарото дете ја презема улогата на оној кој се грижи за семејството

302

Сите познаваме некое „стармало“ дете, дете кое е зрело за своите години и кое не се однесува восогласност со годините што ги има. Тоа се грижи за помладите браќа и сестри, ги подготвува за на училиште, ги бања и ги облекува, готви оброци за целото семејство и многу често им станува родител на своите родители грижејќи се за нивните потреби. Оваа појава општеството ја одобрувавосхитувајќи им се на родителите и на детето, па дури и оценувајќи ја како општествено пожелна.

Овој процес на преземање на улогата и одговорноста на родител од страна на децата го нарекуваме парентификација.

Организацијата на семејниот систем јасно ги дефинира границите, улогата и одговорноста на членовите на системот. Во семејство со јасно дефинирани улоги и граници, родителите работат и заработуваат за живот обезбедувајќи сигурност за членовите на семејството додека децата растат и одат во училиште. На децата им е овозможено да си играат и да уживаат во детството за да можат да пораснат во здрави индивидуи кои ќе преземат одговорност во согласност со годините кои доаѓаат.

До парентификација на детето во семејните системи доаѓа кога едниот или двајцата родители се незрели и недостапни па најчесто најстарото дете ја преземаулогата на оној кој се грижи за семејството, неговото постоење и безбедноста. Овој процес на парентификација на детето често сеслучува во семејсва во кои е присутен алкохолизам или други облици на зависност.

Детето се грижи за нефункционалниот родител, за неговите потреби и сигурност, криејќиго неговиот проблем од околината.

Исто така, во случаи на еднородителски семејства, во случај на развод, болест или смрт на едниот родител,детето функционално го заменува едниот родител. Детето е запознаено со финансиските проблеми, со емоционалните потреби на родителот, како и со неговите чувства, преземајќи огромен товар на своите мали плеќи. Се чувствува преплашено слушајќи работи кои ги надминуваат неговите способности да ги разбере и сфати.

Повеќеза ована порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pexels

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...