Кога дознав дека татко, ми е некој друг, а сестра ми – полусестра!

Какви се последиците, чувствата и животот на децата од разведени бракови, како се случува оттуѓувањето на децата од родител, на сестра од сестра, на брат од сестра... Еве ги приказните на три жени, чии животи ги обележал разводот на двајца луѓе, во време кога разводите беа социјална стигма. Едната оттуѓена од мајката, другата од таткото, а третата во шок - нејзината сакана сестра ѝ е полусестра, а добила и една фазла.

926

Иако денеска, за разлика од порано, разводите се многу почести и повеќе не се социјална стигма, тажните детски приказни и натаму продолжуваат.

Сега, причината не е срамот поради разводот, тешката економска состојба, немањето покрив над глава или помош од најблиските, туку тоа што родителите сѐ уште, несвесно, наместо на децата и на нивните чувства, приматот им го даваат на своите чувства и на меѓусебните односи.

Ова делумно можеби се должи и на тоа што законот за семејство не е сменет од 70. години на минатиот век.

Речиси сите напредни земји во светот го имаат сменето или се во фаза на менување на застарениот закон за семејство кој датира од пред еден век, а со кој децата се доделуваат според традиционалната поделба на половите според која улогата на жената е да биде домаќинка и да ги чува децата, а на мажот – да ги обезбедува средствата за живот на семејството.
Ова не ја отсликува денешната реалност.
Што е подобро: добар развод или лош брак?

Бројките велат дека денеска сѐ повеќе расте бројот на разводи, а според психолозите, причините поради кои луѓето се разведуваат се понискиот степен на толеранција, неподготвеноста на компромис, истакнувањето на индивидуалните, наспроти заедничките интереси. Ставот дека е подобар добар развод, отколку лош брак, во буквална смисла, е вмрежено кај урбаната популација.

Денес во современото општество е најприродно да има разводи на брак доколку брачната заедница не е хармонична и партнерите не се задоволни во бракот, за разлика од порано кога се случувало обратно, односно општествените норми вршеле притисок да се одржува бракот без разлика на тоа дали е тој добар или не, дали постојат причини за развод или не.

Перцепцијата за бракот е изменета и поради тоа што сѐ повеќе се намалуваат традиционалните, општествените вредности и моралните норми.

Но, помалку или повеќе, тогаш или сега, разводите носат стрес, особено ако во бракот има и деца.

Разводот е мачен судски процес. Во моментот кога се решавате на развод, ја губите контролата над целиот ваш живот. Можно е да се договорите како понатаму, но можно е и да не се случи такво нешто, па за вашиот и за животот на вашето дете да одлучува тотален странец, судија, кој ќе ви каже колку често ќе си го гледате детето.

За жал, неговото решение најчесто не е и најдоброто за сите.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...