Кога веќе трговците ни донеле евтини кокосови ореви…

Ако прошетате низ скопските маркети ќе видите дека кокосов орев може да се купи по цена од само 69 денари за парче што е поевтино на пример, од килограм круши. Е сега, ќе кажете, па толку се мали што и не е толку евтино, ама со оглед на тоа што кокосовиот орев не се јаде како круша или јаболко, верувајте, навистина не се скапи

686

Кокосовиот орев е непроценлив дар од природата кој наоѓа примена во кулинарството но и во козметиката и медицината.

Расте на палми високи и до 30 метри кои според видот и возраста даваат од 5 до 150 плодови годишно. Обично секој кокосов орев тежи 2, 5 кг. Плодовите растат во гроздови од по 5-6 скриени по гранките. Покриени се со дебела обвивка која е многу тврда и содржи белковини.

Кокосовиот орев е средно голем зелен плод во кој се наоѓа голем орев со три вдлабнатини. Во внатрешноста се наоѓа бел јадлив дел кој е познат како копра. Копрата е извор на кокосовото млеко и на кокосовото масло, а кога ќе се исуши може да се изренда во кокосово брашно.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabay

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...