Ковач: Унгарија нема да прави отстапки за „Соросовиот Универзитет“

65
фото: миа

Унгарската Влада соопшти дека нема да прави никакви отстапки за Централноевропскиот Универзитет, основан од американскиот  финансиер Џорџ Сорос, чиј правен статус повеќе од една година не е решен поради промена во Законот за високо образование.

– Во Унгарија законот важи за сите, вклучувајќи го и Соросовиот Универзитет – изјави портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач, во интервју за дневниот весник „Маѓар Хирлап“.

Ковач истакна дека „никој не може да ужива привилегии“.

– Ако останатите странски универзитети можат да ги исполнат условите барани според законот, тогаш и Централноевропскиот Универзитет мора да ги исполни, наместо од тоа да прави политичко прашање – истакна портпаролот Ковач.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...