Коалицијата предводена од САД денеска објави крај на главните борбени операции против Исламска држава во Ирак и стопирање на активностите на командниот штаб на коалициските копнени сили.
– На церемонија во Багдад денеска се запрени активностите на командниот штаб на копнениот дел на комбинираните здружени сили, што значи крај на главните борбени операции против ИД во Ирак и со што се признаени промените во составот и одговорностите на Коалицијата – се посочува во соопштението од меѓународната коалиција.
Предвидено е коалициските сили во иднина да ги обучуваат ирачките безбедносни сили, со цел самостојно да ги извршуваат задачите.