Во Јавна соба, утре во 20 часот Марта Маркоска со гостите Јовица Ивановски и Елизабета Баковска ќе биде на „Ти“ со авторот, без цензури.
Книжевни магнитуди e прв од ваквиот тип настани во Македонија каде секој слушател ќе има можност да го запознае авторот одблизу и да го праша сѐ што сака, за него и за делото, бидејќи разговорите ќе се водат како отворена трибина, без цензура.
Македонските поети заслужуваат достојно да бидат претставени пред што поголема слушателска, а потоа и читателска публика без разлика на која генерација ѝ припаѓаат. На овој начин, младите авторски генерации ќе добијат поголем публицитет пред постарите, и обратно, постарите ќе ја добијат должната почит пред помладите генерации.