Книга интервјуа посветени на св. Климент Охридски

132
 „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст” е насловена книгата на новинарот и публицист Свето Стаменов, која содржи 16 интервјуа реализирани во серијалот на Македонското радио – Радио Скопје за одбележувањето 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски.

Се работи за разговори со универзитетски професори, македонисти, писатели, богослови, културолози,  познавaчи и почитувачи на грандиозното дело на свети Климент Охридски: Људмил Спасов, Вера Стојчевска-Антиќ, Васил Тоциновски, Димитар Пандев, Александар Прокопиев, Елизабета Димитрова, Маја Јакимовска-Тошиќ, Виолета Мартиновска, Ана Ѓорѓевиќ,  Јован Таковски, Ѓоко Ѓорѓевски, Емилија Црвенковска,Трајан Гоцевски, Милан Ѓорѓевиќ и Јован Белчовски.

Во рамки на редовната попладневна програма „Актуелно” и авторскиот проект „Quo vadis” соговорниците на Стаменов ги изложиле своите видувања за одделни аспекти од животниот пат и од творештвото на св. Климент,  ученикот на просветителите Кирил и Методиј. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...