Чешката Карловарске Минералне Воде (КМВ), најголемиот дистрибутер на безалкохолни пијалаци во Централна Европа и ПепсиКо, светски производител на храна и пијалаци, кои работат во повеќе од 200 земји, се согласија заеднички да купат 100 отсто од сопственост во српската компанија Књаз Милош.
Таа трансакција вклучува купување производствени капацитети на компанијата Књаз Милош во Србија, како и добро позиционирани брендови како што се Књаз Милош, Аква Вива, Гуарана, Ремикс, Густо и други.
Се очекува трансакцијата ќе биде завршена во текот на третиот квартал од 2019 година, по процесот на одобрување од страна на антимонополските комисии на пазарите на Србија и Црна Гора, соопшти ПепсиКо. Компанијата ПепсиКо имаше повеќе од 64 милијарди долари нето приходи во 2018 година.