Една од најопасните двојки во историјата добива уште едно издание на големото платно.
Клое Грејс Морец и Џек О’Конел се избрани да го играат озлогласеното криминално дуо Бони Паркер и Клајд Бероу во новиот филм насловен „Љубовта е оружје“, што ќе го режира Кике Маиљо.
Според „Холивуд рипортер“, филмот ќе ја прикаже „возбудливата, еластична и емоционална приказна за едни од најпознатите љубовници во историјата, Бони Паркер и Клајд Бароу“.
Овој филм ќе се снима по половина век откако Ворен Бити и Феј Данавеј ја освоија филмската публика во 1967 година со филмот „Бони и Клајд“, кој беше номиниран за Оскар во осум категории, вклучително и за најдобар филм. Филмот ги освои наградите во две категории: најдобра женска споредна улога (Естел Парсонс) и најдобра кинематографија (Барнет Гафи).