Климкин: „Сардич“ има право да се обрати до судовите

На македонскиот амбасадор во Украина, Столе Змејковски во украинското Министерството за надворешни работи во Киев му е изразен протест поради одземањето на концесијата на компанијата „Сардич“ за рудникот „Казандол“.

512

Македонија и Украина имаат билатерална спогодба за заштита на инвестициите и согласно тоа инвеститорот „Сардич“ има право да се обрати до судовите. Ние како држава ќе ја почитуваме одлуката на судот. Ова не е политичко прашање, ова се односи на инвеститори, рече министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин, кој е посета на Македонија, одговарајќи на новинарско прашање.

Како што е познато, Владата неодамна одлучи еднострано да го раскине договорот со „Сардич“ со образложение дека не се исполнети условите за продолжување на концесијата за рудникот „Казандол“.

Плусинфо пишуваше дека вчера на македонскиот амбасадор во Украина, Столе Змејковски во украинското Министерството за надворешни работи во Киев му е изразен протест поради одземањето на концесијата на компанијата „Сардич“ за рудникот „Казандол“.

На амбасадорот, како што дознавме, му било соопштено дека Украина ќе ги искористи сите легитимни и легални средства за да ги заштити интересите на своите инвеститори во Македонија.

Денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров демантираше дека вчера се одржала таа средба. Тој рече дека амбасадорот Змејковски вчера не бил повикан во украинското МНР и дека тој воопшто не бил вчера во Украина.

Но, како што дознаваме, на 02 април Змејковски се сретнал со украинскиот заменик министер Боднар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...